Данило Брестовац промовиран во нов селектор на Обединети Арапски Емирати

Македонскиот тренер Данило Брестовац, денеска официјално беше промовиран за нов селектор на Обединети Арапски Емирати.

Тој ќе ја предводи машката сениорска репрезентација на Обединетите Арапски Емирати, каде потпиша договор на една година.

Брестовац претходно беше тренер на Тиквеш, исто така во Македонија го предводеше и тимот на Металург, а беше и селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

(фото – Фејсбук/Данило Брестовац)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.