Селекцијата на Данска се пласира во полуфиналето на Светското Првенство во Шпанија, откако ја совлада селекцијата на Бразил со 30-25.
Најефикасна кај Данска беше Педерсен со шест погодоци, додека кај селекцијата на Бразил најефикасна беше Кардозо со десет погодоци.
Исто така и репрезентацијата на Шпанија се пласира во полуфиналето, откако беше подобра од Германија со 26-21.
Во Шпанија најефикасна беше Кармен Коста со седум погодоци, додека кај Германија најефикасна беше Јулија Маидхоф со шест погодоци.
(фото-ИХФ)📷