Дарио Кофилоски: Не очекува тежок натпревар против Вардар

Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар против тимот на Вардар на домашен терен од Супер лигата.

Ракометарот Дарио Кофилоски даде своја изјава за овој натпревар, каде изјави дека Тиквеш ќе атакува на позитивен резултат против Вардар.

“Во сабота не очекува тежок натпревар против Вардар, кој во моментов се бори за титула во македонското првенство. После поразот од Порто на домашен терен ќе дојдат помотивирани и желни за победа. Во сабота секој од нас мора да го даде максимумот, и со поддршка од публиката да избориме позитивен резултат”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Дарио Кофилоски.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *