Македонскиот ракометар Дарио Петровски со шпанскиот тим Гвадалахара обезбедија пласман во Асобал лигата, откако во плеј-офот триумфираа против вториот тим на Барселона со 31-35.
Исто така и на првиот натпревар Гвадалахара беше подобра од вториот тим на Барселона со 35-28.
До крајот на првенството има уште две кола, но тимот на Гвадалахара го има обезбедено местото во Асобал лигата.
(фото – Рк Гвадалахара)📷