Дарио Петровски потпиша за екипата на Ландшут од Германија

Македонскиот ракометар Дарио Петровски, кој игра на левата бековска позиција во новата сезона ќе има нов предизвик во својата ракометна кариера.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски ќе настапува за екипата на Ландшут од Германија.

Екипата на Ландшут се натпреварува во пониските лиги во Германија. Петровски има настапувано за екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Цвикау и Фасано.

(фото – Рк Ландшут)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *