Дарио Петровски потпиша за Јуниор Фасано од Италија

Македонскиот интернационалец, Дарио Петровски во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.

Тој потпиша договор со Јуниор Фасано од Италија. Претходно Петровски настапуваше за екипите на Гвадалахара, Струга и тимот на Еурофарм Пелистер.

“Јас сум многу среќен што пристигнав во Фасано и што можам да се приклучам на клуб кој секако ќе биде непроценлив за мојот личен раст и за кој сакам да дадам важен придонес. Се приклучувам на млада група, со искусни тренери и ракометари, кои сигурен сум дека ќе можат да го кажат своето мислење на секој фронт, и едвај чекам да дебитирам, надевајќи се дека ќе можам да го направам тоа веќе во наредниот период”, – изјави Дарио Петровски.

(фото – Рк Јуниор Фасано)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.