Македонскиот ракометар Дарко Георгиевски во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.
Тој потпиша договор со екипата на Слобода од Тузла, што значи се сели во Босна и Херцеговина. Георгиевски доаѓа од екипата на Ланесте, а има настапувано и за екипите на Охрид, Вардар, Куманово и Драчево.
„Нов сум тука, уште не го познавам тимот, освен тренерот Пера со кого работев во Вардар кога бев многу помлад. Не познавам никој друг, па нема да целам високо за многу во моментов, но сакам да одам чекор по чекор. И јас поединечно и тимот, за да станеме се подобри и подобри“, – изјави Дарко Георгиевски.
(фото – Рк Слобода)📷