Дарко Кондев и Димитар Коцев и следната сезона во Тиквеш

Екипата на Тиквеш започна со комплетирањето на тимот за новата сезона.

Тимот од Кавадарци за следната сезона ги продолжи договорите со левите крила Дарко Кондев и Димитар Коцев кои потпишаа договор на една сезона.

Тиквеш во новата сезона во Суперлигата ќе биде дел од групата Б, каде ќе се надигрува со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Скопје, Јуниор Кисела Вода, Радовиш и Тинекс Пролет.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.