Дарко Стевановиќ си замина од Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека спогодбено е прекината соработката со Дарко Стевановиќ.

“Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја известува јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Десет месеци по неговото доаѓа во нашиот клуб од Мешков Брест, левиот бек ќе тргне по нов предизвик, за што му посакуваме успеси и многу среќа”, – стои во соопштението на Рк Еурофарм Пелистер.

26-годишниот Стевановиќ со Еурофарм Пелистер го освои шампионатот на Македонија во сезоната 2022/23, а настапуваше и во СЕХА лигата, домашниот шампионат, национален Куп и Суперкуп.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.