Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Алкалоид во 12. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Алкалоид.
“Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа година. Максимално треба да влеземе во натпреварот и се надеваме на два бода. Сакаме да го одбраниме нашиот домашен терен, како и до сега оваа сезона”, – изјави ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








