Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лига го потпиша Дарко Ѓукиќ.
Десното крило Дарко Ѓукиќ кој има 30 години, и е висок 191 цм стави потпис со “Гладијаторите” на миниум две години.
Доаѓа од екипата на Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската
Лига. За репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства.
(фото/видео – ГРК Охрид)📷