Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започнат подготовките на 9 јануари во салата “Боро Чурлевски” во Битола, за вториот дел од сезоната 2022/23.
На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.
На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Комплетните подготовки екипата ќе ги мине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷