Две ракометарки отпаднаа за ЕХФ Евро Купот

Женската сениорска репрезентација го имаше првиот собир пред натпреварите со Словенија во рамките од ЕХФ Евро Купот.

Селекторот Љубомир Савевски ќе има 20 ракометарки на располагање за натпреварите. Од списокот поради повреда отпадна Марија Штериова, голманката Марија Јовановска поради болест нема да биде во списокот, а нејзина замена е голманката Матеа Чурлиновска од Деспина.

Македонија во среда на 3 март ќе го одигра првиот натпревар против Словенија, а реваншот е во Скопје на 6 март.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести