Екипата на Еурофарм Пелистер потпиша со рускиот репрезентативец Денис Василев кој има 28 години и игра на позицијата кружен напаѓач.
Денис Василев со тимот на Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор до 2024 година.
196 сантиметри високиот и 95 килограми тешкиот Василев е дете на Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр. Во тековната сезона во дресот на Мотор Запорожје постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак. Василев настапува и за репрезентацијата на Русија.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷