Десниот бек Ангела Костовиќ е нова ракометарка на Ѓорче Петров

Екипата на Ѓорче Петров, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига донесе нова ракометарка во своите редови.

Станува збор за ракометарката Ангела Костовиќ, која настапува на позицијата десен бек. Костовиќ доаѓа од редовите на Овче Поле Славјански Универзитет, а има настапувано и за екипата на Вардар.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.