ЖРК Деспина

Деспина го совлада Кузман во Суперлигата

Ракометарките на Деспина триумфираа на домашен терен против екипата на Кузман во натпревар од Суперлигата, со убедливи 35-22.

Екипата на Деспина добро го започна натпреварот со неколку брзи голови за водство на полувремето од шест гола разлика, второто полувреме беше само формалност за екипата на Деспина да извојува победа и нови три бода против екипата на Кузман.

Екипата на Кузман во текот на целиот натпревар играше без голман затоа што се повреди и немаше резервен голман, и стави играч со маркет на голот.

Најефикасна во составот на Деспина беше Ангела Камческа со десет погодоци, додека кај екипата на Кузман најефикасна беше Ивана Стојмановска со седум погодоци.

ЖРК Деспина 35-22 ЖРК Кузман

(фото-ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести