Екипата на Деспина забележа победа на гостувањето кај екипата на Спартак со 27-23 во 8. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Деспина во текот на целиот натпревар беше во водство, за на крај да слави против Спартак.
Најефикасни во тимот на Деспина беа Андреа Конеска, Евгенија Цаневска и Сања Цветкоска со по пет гола, додека кај Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со 11 гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷