Деспина забележа победа против Стружанка

Екипата на Деспина забележа победа против екипата на Стружанка со конечни 34-29 во натпревар од Женската Прва лига.

На полувреме беше нерешено со резултат 14-14. Во второто полувреме иако Стружанка го имаше водството, сепак Деспина со добра игра успеа на крај да слави победа.

Најефикасна во редовите на Деспина беше Анастасија Јованоска со 13 гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Теодора Маркоска со 12 гола.

(фото – ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *