Екипата на Деспина лесно се справи со Кузман Вардар во полуфиналето од Купот на Македонија, откако славеше со високи 35-16.
Тимот од Прилеп победата ја обезбеди уште на полувреме, кога имаше предност од 19-7. Второто полувреме беше само формалност екипата на Деспина да ја завери победата против Кузман Вардар.
Најефикасни во тимот на Деспина беа Маја Ристеска и Адела Еленин со осум погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Нина Милевска со шест погодоци.
(фото – ЖРК Деспина)📷