Екипата на Деспина на домашен терен го совлада тимот на Астибо со конечни 28-23 во натпревар од Женската Супер лига.
На пауза двете екипи заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во второто полувреме Деспина го презеде водството, за на крај да дојде до победа против Астибо.
Најефикасна во тимот на Деспина беше Михаела Петреска со седум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 13 гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷