Ракометарките на Деспина остварија победа на домашен терен против тимот на Скопје со резултат 23-22 во натпревар од плеј-аутот во Женската Супер лига.
Целиот натпревар беше неизвесен и драматичен, иако на полувреме предност имаше екипата на Скопје од 12-11. Во второто полувреме Деспина се врати и на крај успеа во неизвесен финиш да слави победа против Скопје.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Михаела Петреска со девет погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасни беа Антонија Радевска и Ангела Петровска со по седум погодоци.
(фото – ЖРК Деспина)📷