Екипата на Деспина забележа победа против екипата на Стружанка со минимални 29-28 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Иако на полувреме Стружанка имаше водство со минимални 13-12, сепак на крај Деспина триумфираше против тимот од Струга.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Маја Ристеска со осум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со шест гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷