Екипата на Деспина забележа победа на гостувањето кај екипата на Шампион со конечни 29-12 во Женската Прва лига.
Составот на Деспина уште на полувреме имаше високо водство од 18-6, па така на крај ја оправда фаворитската улога против Шампион.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Анастасија Јованоска со седум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Илхана Вукељ со три гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷