Куманово

Деспина покажа сила, но Куманово ги освои бодовите

Ракометарките на Куманово триумфираа на гостувањето во Прилеп кај екипата на Деспина со 22-17.

Во првото полувреме двете екипи играа израмнето, на полувреме составот на Куманово имаше минимално водство од 8-7. Во вториот дел од натпреварот екипата на Куманово продолжи со добрата игра, и запиша нови бодови кај екипата на Деспина.

Најефикасна во екипата на Куманово беше Јована Кипријановска со седум погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Елена Рипилоска исто така со седум погодоци.

ЖРК Деспина 17-22 ЖРК Куманово

(фото-ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести