Деспина преку Скопје до прва победа во Женската Супер лига

Екипата на Деспина ја забележа првата победа во Женската Супер лига, откако на домашен терен славеше против Скопје со 24-20.

Деспина на полувреме имаше предност од 13-11. Во второто полувреме Скопје се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.

Најефикасна во тимот на Деспина беше Мери Гичева со осум гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Нина Неделковска со шест гола.

(фото – ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести