Екипата на Деспина ја забележа втората победа во Женската Супер лига, откако на гости ја совлада екипата на Кузман Вардар со 22-24.
На полувреме предност имаше Кузман Вардар од 13-11. Во второто полувреме Деспина направи пресврт, за на крај да го добија дуелот со Кузман Вардар.
Најефикасна во тимот на Деспина беше Адела Еленин со шест гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасни беа Милевска и Јовевска со по седум гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷