Екипата на Деспина забележа победа на гостувањето кај екипата на Јехона со конечни 30-23 во Женската Прва лига.
Тимот на Деспина имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, па на крај да ја совлада Јехона.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Магдалена Ѓорѓиоска со осум гола, додека кај Јехона најефикасна беше Алтина Хасани со девет гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷