Екипата на Деспина славеше победа на домашен терен против екипата на Пелистер во натпревар од Женската Суперлига.
Екипата на Деспина добро се држеше до полувремето која имаше предност од три гола против Пелистер, потоа второто полувреме беше формалност за екипата на Деспина да ја завери победата со убедливи девет голови разлика (26-17).
Најдобар стрелец во екипата на Деспина беше Ангела Камческа со осум погодоци, додека кај екипата на Пелистер најдобар стрелец беше Марија Јанкуловска исто така со осум погодоци.
ЖРК Деспина 26-17 ЖРК Пелистер
(фото-ЖРК Деспина)![]()








