Ракометарките на Деспина остварија висок триумф против ракометарките на Шампион со резултат 37-19 во Женската Супер лига.
Тимот на Деспина победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 20-8.
Најефикасна во тимот на Деспина беше Евгенија Илиева со седум гола, додека кај Шампион најефикасни беа Фросина Кондосоров и Ангела Петровска со по четири гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷