Ракометарките на Деспина забележаа победа на гостувањето кај екипата на Гевгелија со резултат 20-18 во натпревар од плеј-аутот во Женската Супер лига.
На полувреме беше нерешено со 9-9. Во второто полувреме Деспина имаше подобра игра, па така стигна до триумф против Гевгелија.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Адела Еленин со седум гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Благица Ступар со пет гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷