Екипата на Македонија Ѓорче Петров го објави новиот тренер за следната сезона, каде тимот ќе атакува на повисок пласман во Првата лига.
Станува збор за Дејан Коцев, кој веќе две сезони беше тренер во младинските категории, а исто така тој беше и неколку сезони играч на Македонија Ѓорче Петров.
Коцев минатата сезона му беше помошник на главниот тренер Оливер Димитриоски, а оваа сезона е именуван како главен тренер на тимот.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷