Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Бутел Скопје во натпревар од 21. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Бутел Скопје.
“После европскиот натпревар не очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична екипа составена воглавно од млади играчи кои многу трчаат и сакаат да се докажуваат. Немаме многу време да се подготвуваме поради густиот распоред но добро ја познаваме екипата на Бутел од домашното првенство и со една дисциплинирана игра како во напад така и во одбрана да ја оправдаме фаворитската улога”, – изјави ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски.

(фото – ГРК Охрид)📷








