Дејан Кукуловски повеќе не е ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 и ракометарот Дејан Кукуловски спогодбено го раскинаа договорот.

Иако договорот имаше важност до јуни 2023 година двете страни се договорија да ја завршат ракометната приказна стара две и пол години. 

24-годишниот Кукуловски дојде во Битола во јуни 2020 година и настапуваше за Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. 

Оваа полусезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и ја оствари целта со пласманот во плеј-офот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести