Дејан Пецаковски ја заврши ракометната кариера!

Најискусниот ракометар во Тинекс Пролет, Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет.

Тинекс Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона.

“Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за бројни македонски клубови, а ние како клуб сме горди што тој од 2020 го носеше дресот на Тинекс Пролет, секогаш давајќи го максимумот за нашата екипа. На Дејан Пецаковски му посакуваме се најдобро во иднина, со надеж дека патиштата би можеле наскоро повторно да ни се спојат”, – стои во соопштението од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести