Дејан Шешиќ е нов ракометар на Охрид

Босанскиот интернационалец Дејан Шешиќ, кој настапува на позиција десен бек е ново име во ростерот на Охрид.

Дваесет и шест годишниот левак кој игра на позиција десен бек, во Охрид доаѓа од француски Анжерс. Претходно настапуваше и во Словенија.

Дејан Шешиќ бил на поширокиот список на сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина, а преттходно играл и за јуниорскиот национален состав во квалификациите за Светско и Европско првенство.

“Видов дека Охрид има добра и перспективна екипа која атакува на плејофот. Тука сум на сугестија на Бојаниќ кој ми кажа убави работи за ГРК Охрид. Лигата е интересна, се игра цврст ракомет и решив да ја променам средината”, – изјави Дејан Шешиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.