Викендов ќе се одигра дерби дуелот помеѓу екипите на Охрид и Бутел Скопје во натпревар од Супер лигата.
За натпреварот помеѓу екипите на Охрид и Бутел Скопје, своја изјава имаше и Дејан Шешиќ ракометар на Охрид.
“Во наредниот натпревар со Бутел очекувам победа. Никому дома не му ја препуштаме улогата на фаворит. Кога играме дома, ние мора секогаш да бидеме фаворити. Ќе ги исправиме грешките од првиот дуел во Скопје. Треба да ја подобриме ефикасноста при зицери и мислам дека таа ќе ни донесе победа. Овој натпревар многу ни значи”, – изјави Дејан Шешиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷