Новата сезона во ракометната Супер лига стартува на 9. септември со Езерското дерби Струга – Охрид.
„Гладијаторите“ се свесни за предизвикот и значењето на мечот во кој влегуваат мотивирани успешно да го почнат првенството во кое Охрид има високи амбиции.
Натпреварот Струга и Охрид се игра во салата „Нико Нестор“ со почеток во 17:00 часот.
“Од натпреварот со Струга очекувам силна, машка борба. Сите знаеме од какво значење е ова дерби меѓу Охрид и Струга. Мечот сигурно ќе биде тежок, но ќе дадеме се од себе да го испочитуваме договорот од нашата соблекувална и бодовите одат со нас во Охрид”, – изјави Дејан Шешиќ од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷