Дика Мем го продолжи договорот со Барселона

Францускиот репрезентативец Дика Мем го продолжи договорот со шпанскиот тим Барселона.

Тој со клубот потпиша договор до 2027 година. Дика Мем настапува на позицијата десен бек, тој дојде во Барса на 19 години, во 2016 година. Со Барселона досега има освоено 33 титули.

„Многу сум среќен што го обновив договорот со Барселона. Тука имаме се за да победиме и да се пласираме на Ф4 турнирот, имаме подршка од персоналот и навивачите“, – изјави Дика Мем.

(фото-Рк Барселона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести