Димитар Димитриоски кој настапува на позицијата среден бек од екипата на Еурофарм Пелистер 2 се сели во шпанскиот тим Ваљадолид.
Димитриоски освен на среден бек можи да настапува и на позицијата лево крило, освен за Еурофарм Пелистер 2 настапуваше и за Металург и Вардар 1961.
„Тоа ќе биде мое прво искуство надвор од Македонија и се надевам дека ќе имам добра сезона прво за клубот, а потоа и за мене, бидејќи секогаш тимските интереси ги ставам пред моите интереси“, – изјави Димитар Димитриоски.

(фото – Рк Ваљадолид)📷