На свечена церемонија „Спортист на годината 2025“, организирана од Општина Кавадарци, троцја ракометари од ГРК Тиквеш заслужено добија значајни признанија за своите врвни остварувања.
Најдобар ракометар за 2025 година е прогласен Димитар Коцев, додека Никола Биков е прогласен за талент во ракомет, а Димитриј Ангелов е прогласен за најдобар млад ракометар.
“ГРК Тиквеш 2014 ја поздравува оваа организација и на сите наградени спортисти им ја честита наградата”, – објавија од ГРК Тиквеш 2014.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








