Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за Ф4 турнирот во Лигата на Европа, кој ќе се одржува во периодот од 28 до 29 мај во Португалија во Лисабон. Натпреварите ќе се играат во салата “Алтис Арената”.
Македонската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат на натпреварот за 3-то место на Ф4 турнирот во Лигата на Европа.
Во натпреварот за 3-то место ќе се сретнат поразените од дуелите Магдебург/Нексе и Висла Плоцк/Бенфика.
(фото-Фејсбук/Димитар Митревски)📷