Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи соопшти дека заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлекува од својата професионална функција во клубот.
Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола.
Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Супер лигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷