Екипата на Бутел од Скопје ја очекува нов дуел во Супер лигата, каде гостува кај екипата на Куманово.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Бутел Скопје, Димитар Ѓоргиевски.
“Очекуваме победа на овој натпревар, но фаворитската улога мора да ја оправдаме на терен. Добро го познаваме противникот, а најголемата опасност за нас доаѓа од левата бековска позиција и од голманот Кимевски. Со добра одбрана и лесни голови од контра и полуконтра нема да имаме проблем да стигнеме до победа”, – изјави Димитар Ѓоргевски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷