Димитриј Санталов го напушти тимот на Мешков Брест, и се врати во редовите на рускиот тим Чеховски Медведи.
Димитриј Санталов со тимот на Чеховски Медведи потпиша четиригодишен договор до 2022 година.
“Мојот договор со Брест заврши и од самиот почеток размислував за опцијата да се вратам во Чехов. Долго време бев во преговори. Цело време бев во контакт со Владимир Салманович Максимов, се консултирав, комуницирав. Исто така, секогаш имав добри односи со клубот Чеховски Медведи, на крајот на краиштата, ова е мојот втор дом. Сите овие фактори ја определија мојата одлука”, – изјави Димитриј Санталов.

(фото-Рк Чеховски Медведи)📷