Раководството на Динамо Букурешт заврши голем трансфер за следната сезона, откако во своите редови донесе голман од Веспрем.
Станува збор за голманот Владимир Цупара, кој потпиша тригодишен договор. Цупара во Динамо Букурешт доаѓа од екипата на Веспрем.
Тој дресот на Веспрем го носеше четири години, а настапуваше и за екипите на Киелце, Адемар Леон и Црвена Звезда, исто така настапува и за репрезентацијата на Србија.
(фото – Рк Динамо Букурешт)📷