Динамо Панчево го потпиша Стефан Сунајко

Српскиот ракометен суперлигаш Динамо Панчево за следната сезона се засили со репрезентативец на Унгарија.

Станува збор за Стефан Сунајко кој настапува на позицијата лево крило и со тимот на Динамо Панчево потпиша договор на една година.

Стефан Сунајко ќе пристигне од екипата на Татабања, а има настапувано и за Савехоф и Пик Сегед. Сунајко настапува и за репрезентацијата на Унгарија.

(фото-Рк Динамо Панчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.