Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата го промовираше првото засилување за следната сезона.
Станува збор за ракометарот Дино Славиќ. Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот со бр.12 миниум две сезони.
Дино доаѓа од екипата на Лимож по три сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“, – изјави Дино Славиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








