Екипата на Тинекс Пролет, во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, а тоа е Никола Матлиески, откако тренерот Александар Јовиќ почина.
Од екипата на Тинекс Пролет на социјалните мрежи соопштија дека договорот со Александар Јовиќ ќе биде исплатен до крајот на сезоната на неговото семејство.
“Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со РК Тинекс Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство”, – објавија од Рк Тинекс Пролет.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷