Домен Тајник: Јавноста очекува големи работи од нас на натпреварот со Фредериција

Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар против Фредериција од Лигата на шампионите на домашен терен кој ќе се одигра во среда на 20 ноември од 20:45 часот во “Боро Чурлевски”.

На официјалната прес-конференција дуелот против Фредериција го најави ракометарот Домен Тајник.

“Јавноста очекува големи работи од нас на овој натпревар. Сепак, ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим, а имавме и краток период да работиме со новиот тренер. Добро се подготвуваме и до среда ќе бидеме уште поспремни. Цел град очекува победа и ние ќе го дадеме својот максимум за да ја оствариме. Фредериција игра многу брза и специфична одбрана 3-3 и ние се подготвуваме за нив”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *