Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата потпиша големо име во своите редови.
Доминик Мате е второто засилување на Охрид за наредната сезона. Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за Охрид.
Доминик денес го слави 27-от роденден. Игра на позицијата десен бек (202 цм, 108 кг) и ќе го носи дресот со бр.23 следната сезона.
Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за големите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон.
“Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања”, – изјави Мате.

(фото – ГРК Охрид)📷








